Сто илјади основци и средношколци ја добиваат паричната помош

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Исплатата на финансиската помош за основците и средношколците е во тек. Од Министерството за образование и наука за „Слободен печат“ велат дека исплатата се одвива етапно, односно, како училиштата доставуваат информации за апликанти кои ги исполнуваат условите, така се подготвуваат налози за префрлање на средствата.

МОН го објави вториот јавен повик за финансиска поддршка за ученици и студенти

На првиот повик за финансиска помош за учениците, пријавени се 75 илјади основци и 25 илјади средношколци.

Исплатата на средствата за покривање на патните трошоци за студентите кои студираат надвор од местото на живеење и кои аплицираа на првиот повик, од Министерството информираат дека е завршена, а на повикот пристигнаа десет илјади апликации.

Во тек е пријавувањето за парична помош за околу 120 илјади ученици и студенти

Правото на финансиска поддршка од 1.200 денари за основци, односно 1.800 денари за средношколци е дел од деветтиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра кој содржи 26 мерки за социјална сигурност, наменети за поддршка на ранливите категории на граѓани и компании. Со мерките се опфатени 120.000 млади кои ќе добиваат поддршка од новиот пакет антикризни мерки.

За сите оние кои досега не се пријавиле или се одбиени, МОН ќе го објавува повикот секој месец, најдоцна до петтиот ден од месецот и ќе трае седум дена од објавувањето, а исплатата не е ретроактивна.

Со новиот сет антикризни мерки опфатени и 120.00 млади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот