Стјуардесите отпуштени од работа, патниците ги служат пилоти

Исландер донесе одлука да ги отпушти сите стјуардеси и стуарди во настојување да се извлече од кризата предизвикана од корона вирусот.

Националната авио – компанија на Исланд, Исландер, со седиште во Рејкјавик, одлучи да го отпушти од работа кабинскиот персонал, и наместо тие сега патниците ќе ги служат пилоти.

Компанијата донела одлука да ги отпушти сите стјуардеси и стуарди во настојување да се извлече од кризата предизвикана од корона вирусот.

– Пилотите сепак нема многу време да трошат на туркање колички низ авионската кабина, нудејќи оброци и пијалок, бидејќи оваа услуга поради вирусот е сведена на минимум, се вели во соопштението на Исландер, и додаваат дека сега задача на пилотите е да се грижат за безбедноста на патниците.

Стјуардите и стјуардесите се одговорни за безбедноста на патниците и тоа е нивна прва и најважна улога во авиокомпаниите, за што поминуваат повеќенеделна обука, па, како што пренесуваат медиумите, останува нејасно како пилотите ќе успеат за два дена да се подготват за новата улога, бидејќи одлуката за откази на кабинскиот персонал е донесена во петокот, по долги неуспешни разговори со претставниците на синдикатот.

Се уште е нејасно дали ваквата замена на улогите е дозволена во регионите во кои летаат авионите на оваа компанија, вклучувајќи ги САД и ЕУ.

Изландер е основана во 1937 година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот