Фото: EPA-EFE/PAVEL BEDNYAKOV / POOL

Стивен Сигал ќе глуми во филм на хрватски режисер: Сцените ќе се снимаат во Белград

Хрватскиот режисер и актер, Вјекослав Катушин ќе започне со снимање на акциониот трилер „Ред на змејот“ во септември, во кој ќе глуми и актерската легенда Стивен Сигал, кој се враќа на филмскиот сет по речиси шест години, пренесуваат регионалните медиуми.

Сигал е познат по својот уникатен стил на боречки вештини во блокбастери како „Под опсада“ и „Над законот“, а неговото враќање на филмскиот сет веќе привлече големо внимание во филмските кругови и меѓу обожавателите ширум светот.

„Сакам да се шегувам дека речиси го вратив од пензија. Верувам дека таква актерска легенда, како што е Стивен Сигал, не смее да застане, тој мора да продолжи да глуми на екранот. Голема чест и предизвик е за мене како режисер да соработувам со таков уметник. Се радувам на неговите енергични актерски изведби и се радувам на секој кадар што ќе го снимаме“, изјавил режисерот Катушин.

Заедно со Сигал, во филмот ќе глумат холандскиот боречки уметник Рон Сморенбург, кој ја воодушеви публиката кон крајот на 90-тите со своите импресивни вештини во боречките вештини во финалниот дуел од филмот на Џеки Чен „Кој сум јас?“, и Мишел Киси, познат по улогата во филмот „Кикбоксер“, во кој игра заедно со долгогодишниот пријател Жан-Клод Ван-Дам.

Филмот ќе се снима на различни локации во Белградд. Продукцијата најавува дека снимањето ќе биде завршено до крајот на октомври 2025 година, а како што нагласува Катушин, целиот тим веќе активно работи на реализацијата на светската премиера на филмот, кој, според него, ќе постави нови светски рекорди во филмската индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот