Стил на неделата: Маја Цветаноска, психолог

Маја Стефановска, ликовна уметница за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а тоа според неа е психологот Маја Цветаноска.

– Хармонија на надворешен израз и внатрешен свет, проследена со искрена и блескава насмевка, ете така би ја опишала Маја Цветаноска, за мене личност со стил.

Маја Цветаноска по професија е психолог, со работен фокус на инклузија и квалитет во образованието, промоција на правата на децата и креирање можности за професионален развој на наставниците преку заедници за размена на добри практики.

Ја сака природата, животните и уметноста, знае да се радува на туѓите успеси, да биде поддршка и суптилен критичар. Нејзината непосредност и леснотија на комуницирање, позитивниот став кон животот, се надополнети со пар креативни обетки од некој македонски уметник. Нејзината ненаметлива и креативна природа ја отсликува некој мал моден детаљ што ѕирка од нејзината едноставност.

Маја Цветаноска

Маја би сакала да ја поддржите во иницијативата за споделување позитивни примери на одговорно живеење во ситуација на криза користејќи го хаштагот #covidlifebestpractices во вашите објави на социјалните мрежи. Во време кога стравот доминира во личниот и социјалниот простор, грижата едни за други, сочувството и поддршката се клучни во овој процес на адаптација кон мерките за заштита и стекнувањето нови навики за живот, кои ќе го заштитат нашето физичко, ментално и социјално здравје, вели Маја Стефановска, ликовна уметница.

Маја Стефановска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот