Степанчиќ по одлуката на ЕХФ: Чуда се случуваат, а знаеме што направи Вардар!

Фото: РК Вардар/Денис Дуковски

Според десниот бек Степанчиќ ЕХФ донесе избрзана одлука и дека секој што заслужил треба да добие шанса да се бори за трофејот.

Хрватскиот репрезентативец и десен бек на Пик Сегед во интервјуто за „Балкан-Хандбал“ говореше за одлуката на ЕХФ да се откажат сите осминафинални и четвртфинални натпревари сезонава во Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација поради пандемијата на коронавирусот одлучи автоматски на Фајнал-фор турнирот да ги смести ПСЖ, Барселона, Веспрем и Кил.

Според десниот бек Степанчиќ ЕХФ донесе избрзана одлука и дека секој што заслужил треба да добие шанса да се бори за трофејот.

Многу избрзана одлука од ЕХФ. Секогаш гледам дали е фер и во духот на спортот. Секој има шанса и чуда се случуваат, тоа го знае секој кој следи спорт, а во ракометот знаеме што направија Вардар и Фленсбург – вели Степанчиќ.

ЕХФ само успеа да го теши Вардар со мизерна премија за елиминацијата

Како еден од доказите за ракометни чуда беше огромниот пресврт на Вардар против Барселона во Келн:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот