Лоши вести од ЕХФ: Вардар елиминиран од ЛШ, Македонија нема да игра на СП!

фото: Денис Дуковски/rkvardar.mk

„Црвено-црните“ нема да ја бранат европската титула од минатата сезона, а нашите најдобри репрезентативци во нови подобри денови ќе бараат учество на Мундијал.

Коронавирусот ги прекина скоро сите спортски и овој случај ракометни натпреварувања, многу шпекулации се вртеа што ќе биде со натпреварувачката сезона 2019/2020 и воопшто со ракометот во календарската 2020 година.

Официјално како што соопштуваат од Европската ракометна федерација, Вардар иако обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите и дуели сезонава со унгарскиот Пик Сегед, поради пандемијата на коронавирус нема да ја има можноста да ја брани титулата од минатата сезона.

Значи, откажани се осминафиналните и четвртфиналните средби, а освен Вардар и Пик Сегед, ЕХФ поради ситуацијата со Ковид-19, беше принуден од натпреварувањето да ги исфрли уште екипите на Динамо Букурешт, Висла Плоцк, Целје Пивоварна Лашко, Кјелце, Порто, Алборг, Фленсбург и Монпеље.

facebook.com/rfmofficial

Од претходно се знае дека Ф4 турнирот во машката ракометна Лига на шампионите е преместен за крајот на декември оваа година, па така за трофејот ќе играат првопласираните и второпласираните од веќе завршените групи „А“ и „Б“, Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем на нашиот Дејан Манасков.

Освен тоа, лоши вести доаѓаат и на репрезентативно ниво, па така наместо бараж двомеч против Франција летово, Македонија нема да ги игра тие натпревари, па автоматски Французите се промовирани како учесници на следното Светско првенство што ќе се одржи во Египет.

Македонската репрезентација во нови подобри денови ќе бара учество на Мундијал, а на следното СП од европската зона ќе патуваат репрезентациите според ранкингот од последниот континентален шампионат, а тие се Франција, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд и Чешка.

Домаќини се Шпанија, Хрватска и Норвешка, а Данска е бранител на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот