ЕХФ го теши Вардар што го елиминира со мизерна премија

фото: Денис Дуковски/rkvardar.mk

Европската ракометна федерација одлучи да ги укине осминафиналните и четвртфиналните дуели во Лигата на шампионите, со што му ја ускрати можноста на Вардар да ја брани титулата освоена минатата година во Келн.

ЕХФ минатата недела која ја донесе одлуката за да ги елиминира сите екипи кои требаше да играат во елиминациите и на завршниот фајналфор турнир ги прати првопласираните две екипи од двете групи, се правдаше дека поради пандемијата на коронавирусот не може да се игра, но шампион мора да се добие.

Поради тоа Ф4 турнирот во Келн го закажа за пред нова година со што направи каша-попара само за да ги добие парите од ТВ правата, а притоа им наложи на екипите на завршниот турнир да играат со актуелните состави, иако во летниот преоден рок добар дел од ракометарите ќе ги променат клубовите.

Најдобар пример е одличниот норвешки репрезентативец Сандер Сагосен кој моменто е член на ПСЖ, а во наредната сезона ќе игра за Кил, а двете екипи ќе учествуваат на Ф4 турнирот во Келн.

ЕХФ одлучи да им се „извини“ на сите екипи кои требаше да играат во осминафиналето и четвртфиналето ќе им додели „мизерни“ 25.000 евра како компензација. Станува збор за сума што е премногу мала за да може да се нарече утеха, со што ЕХФ покажа дека е далеку од врвните спортски организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот