Стефановски: Кој и да дојде на власт нема да ја загрози имплементацијата на Преспанскиот договор

Евротинк правеше мерење на јавното мислење пред Самитот на ЕУ во октомври и после него и зачудувачко, но за среќа поддршката за пристапување кон ЕУ е малку повисока по Самитоt. Иако е тоа во некоја маргина на грешка, сепак е убаво чувството да видите дека покра тој „удар“ поддршката на македонските граѓани е висока, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, д-р. Иван Стефановски, извршен директор на Евротинк.

-Околу т.н хрватско – грчка иницијатива околу последните фази за почеток на преговори на Македонија и Албанија со ЕУ и всестите кои доаѓаат од ЕУ центрите, оптимизмот за позитивен извештај како и застанувањето и на Франција зад давање датум за отворање преговори, Стефановски смета дека оптимизмот треба да биде присутен и дека по последните изјави на Макрон има простор за оптимизиам- Иван Стефановски, извршен директор на Евротинк.

Мислам дека она „No“ во октомври одекна многу силно, вели Стефановски, пред сè во европските главни градови. Сојузниците на Франција направија се што е во нивна корист да покажат дека е тоа грешка и дека нема Европа без Западен Балкан.

-Ако навлеземе во генезата на ЕУ ќе видиме дека тоа е сепак една економска заедница. Сметам дека целиот регионможе да има само бенефит од вклучувањето на земјите од Западен Балкна. Затоа не треба да не чуди поддршката од Грција, Хрватска, Словенија, бидејќи интегриран Западен Балкан ќе значи и многу позитивен импакт за нивните економии. Не случајно Германија притиска и се залага за нас. Видете ги само последните браун-филд инвестиции во последниве десетина години колку од нив се германски или австриски. Тука можеме да го лоцираме директниот економски интерес на овие две земји. Иако со Франција немаме такви економски „симбиотички“ врски, она со сигруност можам да го забележам во последно време е една засилена дипломатска активност. дел од тие интервенции можеби и не се видиливи односно се повеќе тектонски. Двонасочниот канал на соработка функционира многу подобро од претходно- вели Иван Стефановски, извршен директор на Евротинк.

Околу најавите за преиспитување на Преспанскиот договор и инаетењето околу таблите и рекациите на западните партнери околу оваа политичка демагогија, Стефоновски смета дека без разлика дали нам ни се допаѓа или не Северна Македонија е реалност и помирувањето помеѓу Грција и Македонија е проект зад кој што директно стојат сериозни западни влади, држави со кредибилитет.

-Сметам дека никој на национално ниво, ниту кај нас, ниту во Грција може на било кој начин да ја загрози имплементацијата на Преспанскиот договор. Погледнете ги изјавите на Мицотакис пред изборите во Грција и земете го неговото поведение по изборите. Од карајно отфрлувачки, по изборите рече дека договорот е реалност и ќе го почитуваме- вели Стефановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот