Стефан Цветковиќ од Железничар во нападот на Вардар
Српскиот фудбалер Стефан Цветковиќ (28) кој досега ги бранеше боите на Железничар, ќе ја продолжи својата кариера во есенскиот шампион Вардар.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Цветковиќ кој настапува на позицијата лево крило, запиша 53 натпревари, девет голови и пет асистенции за Железничар.
Започна во редовите на Црвена звезда, а играше и за ОФК Бачка, Чукарички, Металац, РФС од Рига и Раднички од Ниш.
Скопските „црвено-црни“ се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, а по серијата контролни мечеви во Анталија, закажан е и пријателски натпревар против ФК Осогово од Кочани кој ќе има хуманитарен карактер.
Натпреварот е организиран во чест и сеќавање на трагичниот настан од 16 март. Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележје, како траен симбол на почит, сеќавање и достоинство.
ФК Вардар ги повикува сите навивачи и љубители на фудбалот да присуствуваат и заедно да покажеме хуманост, солидарност и заедништво. Натпреварот ќе се игра на 7 февруари на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани со почеток од 14.00 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
53мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


