Ставете ги овие две состојки во шампонот кои ќе направат чуда за вашата коса
Ако ѝ дадете соодветна нега на вашата коса, ќе добиете долга и здрава коса! Чудотворниот шампон ќе ви помогне побрзо да расте и зајакне вашата косата.
Препорачано
Направете го овој шампон, користете го секогаш кога ќе ја миете косата и наскоро ќе ги забележите посакуваните резултати.
Состојки:
– 10-15 чешниња лук
– една лажица маслиново масло
– едно шише со шампон за коса
Подготовка:
Излупете го лукот и секое чешне добро измијте го, изблендирајте го во блендер за да направите паста, додадете малку вода во пастата и продолжете да го блендирате лукот додека пастата не стане целосно кремаста. Додадете маслиново масло. Измешајте ги состојките додека не се соединат добро. Измешајте ја пастата од лук со вашиот вообичаен шампон. Чувајте го овој шампон во добро затворено шише.
Употреба:
Мијте ја косата со овој шампон 2 до 3 пати неделно.
Уште еден одличен совет – додадете масло од гераниум (здравец) во постоечкиот шампон или маска за коса. Ова помага да се забрза циркулацијата на скалпот. Косата расте побрзо и е поотпорна на надворешни влијанија. Неколку капки од ова есенцијално масло во вашиот шампон или регенератор ќе направат уште поголема разлика.


