Амбасадорите на Квинта во косовската Влада за средба со Курти

косово
Косово / Фото: Millenius / Alamy / Alamy / Profimedia

Возилата на амбасадорите на петте најмоќни држави акредитирани во Косово – Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство, познати како „Група Квинта“, се забележани попладнево на паркингот пред Владата на Косово.

Порталот „Економиа онлајн“ (ekonomiaonline.com), кој објави снимка од паркираните возила пред Владата, тврди дека амбасадорите заминале на средба со премиерот Албин Курти, иако од Владата засега нема никаква официјална потврда на таа информација.

Неделава се очекува во Косово да допатува специјалниот пратеник на американскиот претседател, Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој најави дека со домаќините, меѓу другото, ќе разговара за спорниот правилник на Централната банка на Косово за воведување на еврото како единствена валута во земјата, односно укинување на српскиот динар за готовинско плаќање.

Меѓународниците велат дека одлуката на косовските власти е легитимна, меѓутоа бараат подолг рок за нејзино спроведување, со цел да се овозможи прилагодивање кон неа на припадниците на српското малцинство, кои примаат значителни средства, во форма на плати, пензии, социјални додатоци и слично, од матичната земја, Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот