Стармер: Русија одолговлекува и игра игри со мирот во Украина
Британскиот премиер Кир Стармер денес во Тирана повика на мир во Украина, обвинувајќи ја Русија за „одолговлекување и играње игри“.
Препорачано
„Мора да бидеме подготвени да ги исполниме очекувањата бидејќи ако Русија не седне на преговарачката маса, Путин мора да ја плати цената“, рече тој на самитот на Европската политичка заедница.
Шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) беше отворен денес во Тирана со свечена церемонија, на која присуствуваа лидери од цела Европа.
Самитот го претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заедно со албанскиот премиер Еди Рама.
Присутни се и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и други.
Ова е првпат земја од Западен Балкан да биде домаќин на Самитот, а темата на состанокот е „Нова Европа во нов свет: Единство – Соработка – Заедничко дејствување“.
Завршија руско-украинските преговори, Русија постави нови услови


