Станковски ги одбра надежите до У17 со кои ќе брка пласман во Елитната фаза за ЕП

фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на 5. октомври заминува за Полска на квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза за Европско првенство.

– Групата во која се наоѓаме е исклучително силна. Белгија и Полска се фаворити, Белгијците доаѓаат од првиот барабан и имаат многу силна генерација, додека Полска како домаќин на турнирот, исто така ќе ја бара својата шанса за највисок пласман. На хартија двете селекции се фаворити, но тоа не значи дека ќе се предадеме однапред. Напротив, напорно работевме во изминатите седум месеци, сметам дека имаме свои адути и ќе се обидеме на секој начин доколку ни се укаже шанса да ја искористиме. Позитивни сме, иако двајца фудбалери поради повреда нема да бидат со нас, сепак мислам дека направивме добра анализа и мораме да бидеме оптимисти во пресрет на турнирот – изјави селекторот Горан Станковски.

Надежите стартуваат против домаќинот на турнирот, Полска на 9. октомври во Торун, додека на 12. октомври играме со Белгија, а три дена подоцна квалификацискиот турнир го затвораме против Лихтенштајн.

Фудбалери кои ќе настапат на квалификациите во Полска:

Голмани: Стефан Митрев (Арау, Швајцарија), Душан Герасимовски (Работнички), Лука Стојковски (Вардар).

Одбрана: Љавдрим Ибраими (Работнички), Резарт Коколари (Аѕури, Швајцарија), Борче Гогов (Академија Пандев), Филип Ѓорговски (Вардар), Самет Реџепи (Шкупи), Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија).

Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Албин Лимани (Солотурн, Швајцарија), Дарко Стојановски (Академија Пандев), Христијан Георгиевски (Работнички), Мартин Талаков (Академија Пандев), Андреј Стојчевски (Вардар).

Напад: Бехар Фета (Фортуна), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска), Албин Таипи (Ренова), Емир Саитовски (Домжале, Словенија), Елези Дашмир (Шкендија), Љупче Кудев (Брегалница).

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот