Стана навистина сериозно, Јаник Синер се вмеша во „големата тројка“

EPA-EFE/SANDER KONING

Италијанецот, кој денеска првпат се искачи на третото место на АТП листата по освојувањето на титулата во Ротердам, направи постигнување кое во изминатава деценија им успеало само на членовите на „големата тројка“ во тенисот, Федерер, Надал и Ѓоковиќ

Јаник Синер ја освои титулата на турнирот во Ротердам благодарение на победата во финалето против Алекс де Минаур. Тој е непоразен од „киксот“ во финалето на финалниот Мастерс 2023 од Новак Ѓоковиќ.

Со тоа Италијанецот ја постигна 15. победа во низа. Тој стана четвртиот играч во десет години кој победил на првите 12 меча во сезоната.

Во изминатава деценија тоа им појде одрака само на членовите на „големата тројка“, Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ вакво постигнување направи во 2016, 2020, 2023 година, Федерер во 2018 година, а Надал во 2022 година.

EPA-EFE/ANDY RAIN

Претходно Синер во Ротердам направи уште еден чекор напред, се вмеша меѓу само осумте тенисери кои оствариле 200 победи на АТП турнејата во 21 век, пред да наполнат 23 години. Тоа се случи кога го совлада Раониќ во четвртфиналето.

Другите тенисери во овој ексклузивен клуб се Ѓоковиќ, Федерер, Надал, Енди Мари, Лејтон Хјуит, Марат Сафин, Енди Родик, Александар Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот