ВИДЕО | Стаменов: „Бејби бум“ во Зоолошката градина во Скопје

Кристијан Стаменов, директор на ЗОО / Утрински брифинг
Кристијан Стаменов, директор на ЗОО / Утрински брифинг

Зоолошката градина во Скопје периодов интензивно се подновува во секоја смисла на зборот. Зоопаркот се прилагодува за нови содржини, но и на зголемувањето на жителите, особено ако предвид се земе фактот дека пролетва Зоолошката градина доживува вистински бејби бум.

Откако беше објавено дека се родија три лавчиња речиси и да немаше ден потоа да не стигне информација дека повторно имаат принова.

Младенчињата ќе бидат вистинско освежување и подмладување на популацијата но и предизвик за љубопитните погледи на најредовните посетители, дечињата.

За пролетната офанзива во Зоолошката градина во Скопје во Утрински брифинг разговаравме со директорот Кристијан Стаменов.

-Значително се зголеми бројот на младенчињата во Зоолошка. Започна со раѓањето на трите лавчиња, па мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца, камилче итн. Сега за сега супер напредуваат, лавчињата и камилите се со мајките одвоени во посебно живеалиште. Пред сѐ самото раѓање на новите единки многу значи за работата на Зоолошката градина, вели Стаменов.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот