Стаменковски со три златни медали од Москва

фото: фејсбук

Македонскиот претставник оствари нов голем успех на меѓународната сцена. Бошко Стаменковски трипати се закити со злато на Светскиот куп во пауерлифтинг..

Мерење имаше на 14 декември, натпреварите се одржаа наредниот ден, а првиот златен медал натпреварувачот од Македонска Каменица го освои во дисциплината дигање тегови за учесници до 75 килограми, со подигнати 132,5 кг.

Потоа, злато освои во дигање тегови со повеќе повторувања, имаше 33 повторувања за подигната иста тежина, како и со подигнати 45 килограми беше најдобар во дисциплината „Strict Curl“.

Тој е задоволен од постигнатото, досега имаше учества на европски и светски првенства на кои исто така освојуваше медали.

Носител на светски рекорд во правење склекови, така што оваа 2019 година е една од неговите поуспешни во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот