Фото: EPA/FEHIM DEMIR

Стадионот на Кошево е распродаден за гостувањето на Македонија

Од Фудбалски сојуз на Босна и Херцеговина потврдија дека сите билети за натпреварот против Македонија се целосно распродадени.

Босна и Херцеговина ќе ја пречека македонската селекција на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, кој, поради одредени проблеми со статиката, нема да биде исполнет до последното место, но се очекува силна поддршка од трибините.

Уште претходно, од сојузот информираа дека се продадени околу 22.000 билети и дека останале само ограничен број, а сега и официјално продажбата е затворена. За домашните навивачи, овој натпревар ќе има дополнителна тежина бидејќи станува збор за последен меч на домашен терен пред настапот на Светското првенство.

Покрај овој дуел, селекцијата би можела да одигра уште еден контролен натпревар во САД, најверојатно против Панама.

На претстојниот Мундијал, Босна и Херцеговина ќе се соочи со Швајцарија, Канада и Катар во групната фаза.

Историска ноќ во Зеница: Босна и Херцеговина оди на Мундијалот, кошмарот на Италија нема крај

ВИДЕО: Донарума збесна по поразот на Италија – сакаше да се тепа на теренот во Зеница

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот