Српските рокери „Ван Гог“ имаат нов хит во најава! (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Популарната српска рок група „Ван Гог“ има предновогодишно изненадување за српската, но и воопшто балканската публика. 

Станува збор за песната „Тешка љубав“ која е објавена во далечната 1999 година, меѓутоа, овојпат бендот ќе не изненади со нова преработка на стариот хит. 

„Ван Гог“ на чело со фронтменот Ѕвонимир Ѓукиќ Ѓуле минатата година го објави албумот „Море без обала“, кој набргу стана вистински хит, а по него следуваше и истоимената книга, во која за првпат можевме да ги видиме и фотографските вештини на Ѓуле. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот