Српската пејачка Милица Тодоровиќ сè уште не може да го победи коронавирусот! (ФОТО)

Фото: Курир.рс/Петар Дервишагиќ

Познатите српски пејачки Милица Тодоровиќ и Славица Ќуктераш се заразија со коронавирусот и веќе две недели се заедно во изолација, пренесува порталот „Србија данас“.

И додека состојбата на Ќуктераш на големо се подобрува, онаа на Тодоровиќ и понатаму е лоша, пишува споменатиот портал.

 

View this post on Instagram

 

Danas je toplije nego juce ? ?? . . . . . .#milicatodorovic #croatia

A post shared by Milica Todorovic (@milicatodorovicofficial) on

Имено, Милица уште од почетокот на јули има многу изразени симптоми на коронавирусот  – истоштеност, омалаксаност, болка во мускулите, кашлица, кивавица и покачена телесна температура.

Токму високата температура придонесува да се чувствува омалаксано, иако на сите начини се обидува да ја симне и да оздрави.

И покрај тоа што прима терапија, ги пие лековите препишани од лекарот, пејачката и на други начини се обидува да го подобри здравјето, но ништо не се покажа како делотворно засега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот