Српската царина спречи шверц на златен накит кај македонски државјанин

Фото: Профимедиа

Српските царински службеници на граничниот премин Батровци со Хрватска, спречија обид за шверц на 716 грама златен накит што македонски државајнин се обидел да го пренесе преку границата во својот багаж, јави дописникот на МИА од Белград.

Златниот накит бил откриен во саботата, на 21 февруари кога на влезот на граничниот премин Батровци меѓу Хрватска и Србија, пристигнало возилото „шкода октавиа” ВРС, со швајцарски регистарски таблички, со кое четири лица патувале од Швајцарија кон Северна Македонија.

На јасно поставеното прашање на цариниците дали имаат што да пријават, па дури и на конкретното прашање дали со себе носат вредни предмети што треба да се пријават, сите патници одговорија дека со себе носат само личен багаж.

Сепак, деталниот преглед ги демантираше нивните тврдења, бидејќи по прегледот на багажот, во два куфери покрај личните работи, била спакувана и поголема количина златен накит, кој никој не го ни спомнал.

Станува збор за 716 грама разновиден накит, за кој како сопственик се пријавил патникот кој седел на задното седиште.

Во багажот на овој 47-годишен македонски државјанин, освен ланчиња, алки, обетки и прстени, имало и 39 дукати со вкупна тежина од над 135 грама.

Најмасивното индивидуално парче накит е нараквица тешка 85 грама обложена со дукати.

И покрај бројните апели и информации на веб-страницата на Царинската управа на Република Србија, како и на премините, дека мора да се пријават вредни предмети што патниците ги носат со себе, не се ретки случаи некои патници да ја избегнуваат оваа јасно пропишана обврска и со тоа свесно да ризикуваат истите привремено или трајно да им бидат одземени.

Заедно со овој случај, за само три дена (16, 17 и 19 февруари) на срспките гранични премини беа запленети над 4,2 килограми злато, скриени под патосници, под пазувите на патниците и сега во личен багаж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот