Илустрација / Фото: Pexels / Waldemar

Среќата кратко траела: Добиле на лотарија, па животот им станал вистински кошмар

За повеќето луѓе, добивката на лотарија изгледа како сон што се остварува – моментот кога сите долгови се бришат, патувате низ светот, го средувате домот од вашите соништа и конечно престанувате да се грижите за парите.

Но, за еден пар од Велика Британија, сепак, тој сон станал вистински кошмар, пишува „Мирор“.

Корисник на Редит кој го познава семејството на победникот ја откри необичната приказна и предизвика големо внимание на интернет.

Тој објасни дека парот, откако го добил џекпотот, решил да не го крие тоа. Купиле нова куќа, автомобил, луксузни предмети и сите знаеле дека станале милионери.

 – Тоа беше нивната најголема грешка! Одеднаш, пријателите и роднините почнаа да им тропаат на вратите во секое време од денот барајќи пари. Кога кажуваа ‘не’, луѓето стануваа непријатни и злобни – открил тој.

Преоптоварени од барања и притисок, парот на крајот решил да исчезне. Заминале шест месеци и никому не кажале каде одат. Кога се вратиле, односите со семејството и пријателите биле неповратно оштетени.

– Тие рекоа дека би сакале да се вратат во времето – во животот што го имале пред да добијат на лотаријата – рекол тој.

Приказната предизвика бура од реакции на Редит, при што еден корисник коментираше: „Ако некогаш освојам голема сума, веднаш би се преселил со моето семејство некаде далеку и повеќе нема да ги контактирам моите роднини. Тие веќе се опседнати со пари – не можам ни да замислам како би се однесувале ако го освојам џекпотот“.

Друга мисла, попозитивна: „Моето семејство и пријателите се разумни, не верувам дека би побарале пари, но луѓето навистина полудуваат кога станува збор за пари“.

Многумина истакнаа дека тајноста е клучна во вакви ситуации, а еден коментар гласеше: „Ако освојам милиони, би им кажал на сите дека добив многу помала сума. Би им помогнал на моето семејство и на неколку пријатели, но не би сакал да бидам опседнат од луѓе што едвај ги познавам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот