Средба Ахмети-Брнс: Претстои уште многу работа во насока на владеењето на правото

По средбата на американската амбасадорка Кејт Брнс со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, таа одржа и средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во амбасадата на САД во Скопје.

Ахмети и честитал на амбасадорката Брнс за новата должност и изразил убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели, Северна Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функционална демократија.

Од ДУИ денеска соопштија дека Ахмети и Брнс разговарале и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија.

„Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста. Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани“, стои во соопштението од ДУИ.

Ахмети, се подвлекува во соопштението, посочил дека сите достигнувања се заеднички и оти САД може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот