Срцев удар е причината за смртта на поранешната македонска ракометарка Николиќ

Последен клуб во кариерата на Јулија Николиќ беше ЃРК Вардар/Фото: facebook.com/rkvardar

Голема трагична вест денеска ја потресе македонската, спортска јавност, во 38-та година од животот почина една од најдобрите ракометарки во нашата земја, Јулија Николиќ, порано Портјанко.

Блиски извори до починатата велат дека срцев удар била причината за смртта на Николиќ која се враќала од Грција, а кобниот момент се случил во близина на Велес, информира „Екипа“.

Поранешната македонска репрезентативка ја заврши кариерата во 2015 година во редовите на ЖРК Вардар. Таа остави голема трага во женскиот македонски ракомет, со нејзините фантастични голови од бековската позиција, но и голем борец во делот на одбраната.

Играше за поранешниот европски шампион Кометал Ѓорче Петров, а настапуваше и во Турција, Франција и Русија. Од Украина дојде во нашата земја каде што доби и македонско државјанство.

В четврток ќе биде последниот поздрав со Јулија Николиќ, погребот ќе биде на градските гробишта „Бутел“ во 11.00 часот.

Од РК Вардар 1961 најавија пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите в среда ќе биде оддадена почит.

– Секој што го носел дресот на Вардар е дел од нашето големо „цревно-црно“ семејство. И кога губиш дел од семејството, губиш дел од себе, и тагуваш.
Но, засекогаш останува во нашите сеќавања и срца. Утре пред почетокот на средбата од ЕХФ лигата на шампионите ќе и оддадеме почит на нашата Јулија Николиќ (Портјанко).
Почивај во мир! – информираат од РК Вардар 1961.

Голема трагедија: Почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот