Србите бесни по поразот во финалето: Епска кражба го одлучи светскиот шампион

Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Германија денес ја совлада Србија во финалето на Светското првенство и ги остави Србите без злато, а по натпреварот српските медиуми искажуваа револт за судењето во натпреварот.

Една ситуација која посебно се истакнува е некаде кон средината третата четвртина.

„Србија денес играше против Германците и против судиите. При резултат 55-53 на средината од третата четвртина видовме една крајно сомнителна ситуација. Аврамовиќ без прекршок го запре Шредер со нлокада, а плејмејкерот на Германија со рака и нога удираше наш играч. Мексиканскиот судија Омар Бермундес по прегледувањето на снимката без срам ја потврди одлуката“, пишува „Телеграф“.

Сличен став има и „Блиц“.

„Вие сте нашите херои, Србија падна во пеколто во Манила, Германците заедно со судиите беа пресилни“.

„Курир“ ситуацијата ја опиша како епска кражба.

„Србија беше брутално ограбена во финалето. Херои, горди сме на вас. Срамните судија го одлучија светскиот шампион. Епска кражба бо Манила! Имаат ли овие луѓе очи или не сакаат да видат?“, пишува српски „Курир“.

ВИДЕО | Сребро за Србија на Мундобаскетот, Германија ја доби драмата во финалето!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот