Србија: Трговец со оружје се самоубил со пиштол украден од полициска станица
29-годишен жител на српското село Медошевац е обвинет за нелегална трговија со оружје, во рамките на истрагата за големата кражба на оружје од полициска станица во гратчето Дољевац – обвинетиот, според надлежните, оружјето, кое граѓани го предале за време на минатогодишната акција, го украл заедно со друг млад човек, кој неодамна се самоубил со еден од украдените пиштоли, пишува nova.rs.
Препорачано
Според податоците од истрагата, дел од оружјето го сокрил сега починатиот Н. С. (28) од Ниш.
Обвинителството објави дека Н. С. (28) се самоубил со пиштол кој бил украден од полициската станица во Дољевац, а неговиот братучед, сега осомничениот М. М., ѝ ја открил на полицијата локацијата каде што бил скриен остатокот од арсеналот.
„Н.С. се самоубил минатата недела со пиштол што исчезнал од полициската станица во Дољевац. Осомничениот М.М., кој е роднина на починатиот Н.С., синоќа им го покажал на полицајците местото каде што Н.С. го чувал оружјето, а на тоа место, во куќа во Медошевац, биле пронајдени 7 рачни гранати, 3 пиштоли, 4 пригушувачи, 4 рамки за пиштоли и 201 куршум од различен калибар“, се вели во соопштението.
Во септември годинава беше откриено дека од полициската станица во Дољевац исчезнале неколку стотици парчиња оружје. Станува збор за нелегално оружје што граѓаните, во согласност со законските одредби, ѝ го предале на полицијата.
Фалат 500 пушки и пиштоли од полициска станица во Дољевац кај Ниш


