• полициска станица

Скопјанец истепал полицајци во полициска станица

Во понеделникот околу 11.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, бил приведен 33-годишниот К.С од Скопје затоа што во станицата физички нападнал полициски службеници при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.