Љупчо Николовски /Фото: Слободен Печат / Слободан Ѓуриќ

Николовски: Монтиран случај со кој власта сака да го покрие сопствениот криминал

Поранешен министер за земјоделство и вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, се огласи по информациите дека против него се води предмет и дека бил повикан на информативен разговор во полициска станица.

Тој тврди дека станува збор за „монтиран случај“ со кој, според него, актуелната власт се обидува да го дефокусира вниманието од проблемите во земјоделството и од актуелни скандали.

„Еден монтиран случај. Толку им требаше на актуелното раководство за да се обиде да ја покрие сопствената неспособност и криминал и тоа напаѓајќи ја најуспешната реформа во земјоделството. Се случува ова во момент кога незадоволството кај земјоделците е на невидени размери: доцнат субвенциите, ниски се откупните цени, поништени се повиците за рурален развој. Кога владата не може да се справат со вистинските проблеми, се вклучува пропагандната машинерија за дефокус.“, напиша Николовски на Фејсбук.

Тој во објавата додава дека „криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси“.

Од МВР вчера информираа дека Николовски бил повикан минатата недела, на 7 мај, во Единицата за економски криминал и корупција. Во тек се дополнителни активности поврзани со случајот.

Полицијата го повикала поранешниот министер и вицепремиер Љупчо Николовски на службен разговор

Според информациите, Николовски е осомничен за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки. Тој дал исказ, откако наводно го пријавиле земјоделци кои тврдат дека се оштетени за исплати од Министерството.

Ова се случува неполн месец откако премиерот Христијан Мицкоски рече дека имал „чувство“ дека наскоро за корупција ќе се гонат поранешни функционери.

Полицијата го повикала поранешниот министер и вицепремиер Љупчо Николовски на службен разговор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот