Љупчо Николовски/ Фото МИА

Полицијата го повикала поранешниот министер и вицепремиер Љупчо Николовски на службен разговор

Премиерот Христијан Мицкоски пред неполн месец рече дека имал „чувство“ дека наскоро за корупција ќе се гонат поранешни функционери

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, бил повикан во СВР Скопје на службен разговор, потврди МВР откако објавија повеќе медиуми.

Од МВР информираа дека Николовски бил повикан минатата недела, на 7 мај, во Единицата за економски криминал и корупција. Во тек се дополнителни активности поврзани со случајот.

Според информациите, Николовски е осомничен за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки. Тој дал исказ, откако наводно го пријавиле земјоделци кои тврдат дека се оштетени за исплати од Министерството.

Ова се случува неполн месец откако премиерот Христијан Мицкоски рече дека имал „чувство“ дека наскоро за корупција ќе се гонат поранешни функционери.

Дел од медиумите објавија и дека поранешниот министер и вицепремиер Николовски пред истражните органи посочил оти тој постапувал согласно владина уредба со која му било дадено дискреционо право да одлучува на кои земјоделци можат да им се доделат парите од програма на Министерството за земјоделство.

ВИДЕОАНКЕТА: Дали Груевски треба да се врати во Македонија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот