Снег во Србија / Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Србија затрупана во снег, вонредна состојба во 11 општини: Повеќе од 6.000 домаќинства без струја

Србија и понатаму се соочува со последиците од обилните снежни врнежи, поради што вонредна состојба е прогласена во 11 општини: Ваљево, Лозница, Осечина, Крупањ, Мали Зворник, Владимирци, Сјеница, Мајданпек, дел од Пријепоље, Лучани и Ивањица. Над 6.000 домаќинства сè уште се без електрична енергија, а екипите на терен продолжуваат со работата на стабилизирање на снабдувањето, пишува Нова.рс.

ВИДЕО | Сјеница повторно ја оправда репутацијата на „Српски Сибир“ – наврнаа 40 сантиметри снег, механизацијата е немоќна

Милорад Спаспојевиќ од Одделот за вонредни ситуации изјави за РТС дека најголемиот проблем и понатаму се прекините во електроснабдувањето.

„Околу 6.450 потрошувачи се без струја, а најтешка е состојбата во Златиборскиот, Колубарскиот, Моравичкиот и Мачванскиот округ“, рече Спаспојевиќ.

Поради временските услови, прекинат е и железничкиот сообраќај – не сообраќа возот од Белград до Лазаревац, како и линијата Младеновац–Белград.

Градот Лозница најави формирање комисија за проценка на штетите од снежното невреме. Граѓаните кои претрпеле материјална штета можат да ја пријават од денес, а ќе биде отворена и посебна сметка за донации со цел помош на ранливите категории.

Во Ваљево, според градоначалникот Лазар Гојковиќ, сите далноводи се повторно во функција, иако можни се поединечни дефекти на нисконапонската мрежа. Во Крупањ, каде вонредната состојба трае веќе шести ден, сите трафостаници работат, а се очекува дел од домаќинствата денес повторно да добијат струја.

ВИДЕО | Вознемирувачки снимки од Србија – Мајданпек тоне во мрак по снежното невреме

Во Пријепоље нема опасност од поплави, бидејќи нивото на реката Лим е под границата за редовна одбрана, додека во Сјеница електроснабдувањето е постабилно, иако патиштата до 15 села сè уште се покриени со снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот