Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Вознемирувачки снимки од Србија – Мајданпек тоне во мрак по снежното невреме

Повеќе од 24 часа без електрична енергија, улиците на Мајданпек останаа во целосна темнина, додека силниот мраз и снегот дополнително ја отежнуваат состојбата низ Србија.

Морничаво видео е снимено претходната ноќ во Мајданпек, Србија, каде што, како што се наведува, поради временските непогоди, повеќе од 24 часа нема струја.

Видео-снимката ја објави Инстаграм-страницата „192_rs“, а на неа се гледаат морничави сцени од возење низ овој српски град во кој нема ни трошка светлина, ниту луѓе, по мрачните и со снег покриени улици.

Да потсетиме, снегот веќе неколку дена создава проблеми низ цела Србија, вонредна состојба е воведена во повеќе општини, а предупредувањата од надлежните служби за зголемена претпазливост пристигнуваат од сите страни.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) утрово издаде предупредување за силен мраз и исклучително ниски температури кои ќе ја зафатат земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот