Србија и Република Српска/БиХ потпишаа договор за гасно поврзување со „Балкански тек”

Договорот за изградба на гасоводот „Нова источна интерконекција на Република Српска / БиХ и Република Србија” денеска во Бања Лука го потпишаа претставниците на Србијагас и компанијата „Гас-рес” од Република Српска.

Со него Република Српска и БиХ ќе се поврзат со гасоводниот транспортен систем во Србија и со гасоводот „Балкански тек”.

Гасоводот ќе се гради од границата меѓу Србија и БиХ, преку Бјелина, Бања Лука, Приједор и Нови Град.

Договорот предвидува заедничко учество во изградбата на гасоводот Инџија-Мачвански Прњавор-Бјелина-Бања Лука-Нови Град, соопштија од Србијагас.

Должината на гасоводот на територијата на Србија ќе биде околу 90 километри, а на територијата на Република Српска 320.

Се планира капацитетот на гасоводот да биде 1,2 милијарди кубни метри природен гас годишно.

Договорот го потпишаа генералниот директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ и директорот на „Гас-рес”, Ѓуро Гламошиќ, а присуствуваше и министерот за енергетика и рударство на Република Српска, Петар Ѓокиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот