Фото: Профимедиа

Србија го враќа задолжителниот воен рок

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека задолжителната воена служба од 75 дена ќе започне од декември оваа година или од март следната година, пренесуваат српските медиуми. Одлуката, како што рече тој, ќе биде донесена наскоро.

„Во следните еден или два месеци ќе ја донесеме таа одлука и ќе одиме во српскиот парламент. Во септември или октомври ќе започнеме со регистрација на воени регрути“, рече Вучиќ.

На прашањето зошто сè уште не е одлучено дали воената служба ќе биде обновена во декември или март, Вучиќ рече дека тоа зависи од текот на подготовките.

„Мора да ги подготвиме сите објекти. Имаме доволно оружје и чизми, но има некои работи што сè уште не се целосно подготвени“, објасни Вучиќ.

Тој нагласи дека регрутните центри мора да се реновираат, да се обноват амбулантите и дека е потребна обнова на други објекти.

„Ова се важни прашања бидејќи сакаме лесно да одговориме на нив и овие млади луѓе да го поминат своето време во војската во најдобри услови. Да ја стекнат потребната одговорност и сериозност, како и став кон патриотизмот“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека воениот рок бил дискутиран за време на анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на српските вооружени сили за 2025 година.

Одлуката за суспендирање на задолжителната воена служба е донесена кон крајот на 2010 година и почна да се спроведува на 1 јануари 2011 година, кога државата одлучи за доброволна воена служба и професионална армија.

На 14 септември 2024 година, претседателот на Србија го потпиша договорот за повторно воведување на задолжителна воена служба во траење од 75 дена.

Хрватска воведува воен рок – алтернатива за оние кои ќе одбијат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот