Срби и Црногорци се уапсени на Малта, транспортирале кокаин, марихуана и екстази
Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со малтешката полиција, ги идентификувале 27-годишиот црногорски и 28-годишниот државјанин на Србија, кои беа уапсени вчера во Малта, а за кои постои сомнение дека се членови на криминална група која подолг временски период снабдувала други криминални групи во Малта со кокаин, марихуана и синтетички дроги, јавува Н1 телевизија.
Препорачано
Преку оперативна работа на српската и малтешката полиција, двајцата идентификувани, според српското МВР, биле курири на криминална група, кои транспортираат наркотици до купувачи во Малта во патнички моторни возила во претходно изградени шуплини во автомобили.
Оваа криминална група, користила жени и малолетници како придружници, со цел да ја скрие вистинската намера на патувањето.
Единицата за дрога на малтешката полиција вчера го запрела автомобилот во кој се наоѓале двајцата осомничени и двегодишно девојче.
За време на претресот, прво беше забележано дека автомобилот ги сменил регистарските таблички од српски во швајцарски, додека во шуплините и двојниот потпирач на задното седиште беа пронајдени три килограми кокаин, 20 килограми марихуана и 1.000 таблети екстази, додаде Министерството за внатрешни работи.
Осомничените се задржани во притвор од страна на малтешките судски власти, додека двегодишното девојче е предадено на надлежните социјални служби.


