СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО: Велика Британија ќе забрани користење кредитни картички при обложување

Комисијата за обложување денеска информираше дека забраната ќе се пренесува на сите онлајн и офлајн производи, освен грепки и лотарија, кои се продаваат на благајна.

Од 14 април во Велика Британија стапува во сила забраната за користење кредитни картички при обложување, со цел да се спречат луѓето премногу да се задолжуваат.

Комисијата за обложување денеска информираше дека забраната ќе се пренесува на сите онлајн и офлајн производи, освен грепки и лотарија, кои се продаваат на благајна. Според Комисијата, 22 отсто од лицата кои онлајн се обложуваат со помош на кредитни картички припаѓаат на групата „проблематични коцкари”.

Забраната следува по владината анализа на таа индустрија, почната во ноември, а со цел темелна реформа на онлајн обложувалниците. – Обложувањето со кредитни картички може да доведе до значителна парична штета. Забраната која денеска ја најавивме би требало да го минимизира ризикот за клиентите кои губат пари кои ги немаат, изјави Нил Мекартур, извршен диркетор на Комисијата за обложување.

Се проценува дека во Велика Британија има 24 милиони коцкари, од кои 10,5 се обложуваат онлајн, информираше Комисијата. Според официјални податоци, околу 800.000 Британци при обложување користат кредитна картичка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот