Спортската сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ
Општина Центар – Скопје објави дека спортската сала „Работнички“ сега ќе го носи името на кошаркарската легенда Лазар Лечиќ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, салата се преименува во чест на човекот кој остави длабока трага во македонската кошарка и во историјата на кошаркарскиот клуб Работнички.
– Салата е реконструирана од корен и таа сега доби целосно нов лик и заслужува име што ќе го продолжи духот и традицијата на клубот. Лазар Лечиќ е вистинска легенда и неговото име ќе живее овде, каде што испиша историја – стои во објавата на Општина Центар.
Спортската сала е по ФИБА стандарди, подготвена за нови спортски успеси и генерации што ќе ја продолжат славната кошаркарска приказна на Работнички.
Лечиќ својата професионална кариера како играч ја започнал во редовите на Работнички, а подоцна бил и тренер на оваа екипа во два наврати – прво од 1962 до 1972 година, а потоа и од 1975 до 1988 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
30мин
-
38мин
-
42мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


