Специјалист по офталмологија открива: Tри помалку познати знаци на срцеви заболувања кои може да се забележат во очите

Фото: Pexels / Anna Shvets

Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па затоа е важно што поскоро да ги забележите знаците на ризик од овие болести.

Постојат неколку симптоми со помош на кои можете да дознаете дали имате проблеми со срцето, а токму во очите понекогаш можеме да видиме дека нешто не е во ред со еден од најважните органи во телото.

Според офталмологот Одри Таи, постојат три важни знаци кои укажуваат на ризикот од срцеви заболувања кај една личност. Таа сподели во кои случаи треба да се внимава.

Жолти испакнатини околу очите

Појавата на жолти испакнатини околу очите е медицински позната како ксантелазма. Тие обично се симптом на висок холестерол, кој го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и може да предизвика состојби како што се мозочен удар и срцев удар.

Жолтите испакнатини најмногу се појавуваат на и околу очните капаци, а можат да се појават и во средината на лицето. Тие не се болни и не влијаат на видот. Сепак, тие се знак дека можеби имате многу високо ниво на триглицериди во крвта, па дури може да биде знак дека имате генетско нарушување кое предизвикува абнормални нивоа на липиди.

Пулсирачка зеница

Ако вашите зеници се шират и се стеснуваат со отчукувањата на срцето, ова може да биде знак за протекување на срцевиот залисток. Офталмологот Таи вели дека ова се случува кога крвта се испумпува од вашето срце преку аортната валвула, која ако не е цврсто затворена, дел од крвта истекува назад во срцето.

„Ова предизвикува поголема разлика помеѓу вашиот крвен притисок кога срцето ви се собира и крвниот притисок кога срцето се релаксира. Кога срцето се собира, зеницата се намалува, а кога срцето се релаксира, зеницата се шири“, вели таа.

Ако мислите дека вашите зеници пулсираат, веднаш треба да го посетите вашиот лекар или кардиолог, а доколку не сте сигурни, можете да се консултирате и со вашиот офталмолог кој ќе ви помогне да утврдите дали окото ви пулсира.

Промени во мрежницата

За жал, не можете сами да ги видите промените што се случуваат на вашата мрежница. Овој прбоблем може да го види само вашиот офталмолог при преглед. Промената на мрежницата може да биде знак за ран дијабетес или висок крвен притисок, кои се главни фактори на ризик за срцеви заболувања.

„Многу е важно да правите редовни очни прегледи, особено ако имате над 40 години, имате дијабетес или имате какви било фактори на ризик за срцеви заболувања или болести на крвните садови“, објасни Таи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот