СПЦ почнува постапка за избор на наследник на Иринеј: Средба на Саборот во храмот „Свети Сава“ во Белград

Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Српската православна црква (СПЦ) денеска ќе почне постапка за избор на нов 46-ти поглавар по смртта на Иринеј кој почина од последици на ковид- 19. Седницата на Саборот, наместо во зградата на Патријаршијата како што беше случај досега, ќе се одржи во криптата на Храмот Свети Сава на Врачар во Белград. Причината за промена на локацијата за состанокот не беше официјално објавена, а јавноста спекулираше дека тоа се должи на пандемија.

Во соопштение, СПЦ наведе дека присуството на медиумите на настанот не е предвидено и дека по завршувањето на седницата ќе биде издадено официјално соопштение.

Дел од локалните медиуми претходно јавија дека е предложено учесниците на изборниот Сабор, наместо во патријаршиската куќа, да отседнат во белградскиот хотел „Хилтон” во близина на еден од централните белградски плоштади „Славија“, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот