Спалети по дебито во Скопје: Одигравме пристојно, на ваков терен не можете да играте квалитетно

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лучано Спалети виде една „пристојна“ игра од Италија во ремито 1:1 со Македонија, но признава дека неговите играчи „можеа да направат повеќе“ и ќе направат промени во следниот натпревар од квалификациите за Евро 2024 против Украина.

Спалети во својот прв натпревар како селектор на актуелниот европски шампион можеше од Скопје да си замине со победа, имаа водство неговите фудбалери со голот Имобиле. Но, Донарума во 81 минута не можеше да го запре прекрасниот слободен удар на Барди.

– Мојот тим одигра пристоен натпревар на кој можеме да работиме. Не им дозволивме многу простор, а нам ни недостасуваше трпение да ги направиме вистинските додавања, кога имавме време и простор за тоа. Единствениот елемент што го имаме е да го проучиме мечот и да се обидеме да најдеме подобрувања, да работиме на концептите кои не функционираа доволно добро, а повторното гледање на видеото ќе биде исто толку вредно како и тренинг – изјави Спалети за „РАИ Спорт“ и „Скај Спорт Италија“.

Во квалификациската група „Ц“ Англија води со 13 бодови, пред Украина која има седум, по четири имаат Италија и Македонија, без бодови на дното е Малта.

– Можевме да одиграме поквалитетно, бидејќи противниците се бранеа со пет играчи, па можевме полесно да ги поделиме. Тоа беше неизбежно и поради состојбата на теренот, бидејќи не е можно квалитетно да се помине на тој терен – беа зборовите на Спалети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот