Спалети го напушта Наполи по титулата? Двајца кандидати за клупата на италијанскиот шампион

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Наполи чекаше 33 години за нова, трета шампионска титула на Италија која ја донесе Лучијано Спалети, но тоа не значи дека искусниот италијански стручњак ќе го води овој тим и во следната сезона.

„Гаѕета дело Спорт“ пишува за лошите односи меѓу Спалети и претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, споредувајќи ја ситуацијата со онаа во 2018 година кога Маурицио Сари и Жоргињо го напуштија Неапол поради слични причини.

Очигледно, Спалети не е задоволен од тоа што Наполи го активираше автоматското продолжување на неговата соработка без негова согласност, за што бил информиран по пошта.

Поради оваа причина Италијанецот не беше присутен на прес-конференцијата на која Де Лаурентис зборуваше за плановите за претстојната сезона. Италијанците на големо шпекулираат кој би можел да го замени Спалети во случај на негово заминување, а се шпекулираат две имиња.

Едно е добро познато во Неапол, Рафа Бенитез веќе го водеше клубот во периодот од 2013 до 2015 година, а нема ангажман од минатата година кога го напушти Евертон.

Второто име е Антонио Конте, кој оваа сезона доби отказ од Тотенхем, освои титули во Италија со Јувентус и Интер, па во Неапол очигледно веруваат дека истото може да го повтори и на стадионот „Диего Марадона“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот