СП во ракомет: Домаќинот Шпанија е втор полуфиналист

Шпанките имаат седум победи во седум меча на СП/ фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Женската ракометна репрезентација на Шпанија е вториот полуфиналист на СП откако во четвртфиналето со 26:21 ја победи Германија. Шпанките кои се домаќини на Мундијалот и се приклучија на Данска која прва обезбеди полуфинале.

Шпанките во сите 60 минути ги контролираа играта и резултатот, наметнувајќи стил на игра кј најдобро им одговараше и кој противничките ракометарки не можеа да го следат.

Првото полувреме заврши со предност од четири гола, 14:10 за Шпанија, за во второто полувреме целосно да ги контролира случувањата на теренот. На крајот Шпанија победи со 26:21 и го задржа максималниот ефект на СП.

Кармен Кампос Коста со седум и Паула Аркос Поведа со четири гола беа најдобри во селекцијата на Шпанија, додека кај Германија се истакна Мајке Шмелцер со четири гола. Шпанија во полуфиналето на СП ќе игра со подобриот од Норвешка – Русија, натпревар кој ќе се игра утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот