Совршено стилски усогласени: Џенифер Лопез и Алекс Родригез во никогаш помоќно модно издание! (ФОТО)

Тие поставуваат нови стандарди за облекувањето…

Џенифер Лопез и Алекс Родригез водат сметка за секој детаљ, па така тие секогаш се трудат да се појават во совршено усогласени комбинации. Тие дефинитивно се пример за совршено модно усогласен пар и вистинска инспирација.

Ниту овој пат, на нивната појава, никој не остана рамнодушен. Позитивните коментари само се нижеа, а модните експерти нивниот заеднички стајлинг го оценија со чиста десетка.

Фото: Профимедиа

Тоа што предизвика позитивни критики, освен стајлингот, е и новата фризура на Џенифер Лопез.

Иако пред неколку дена се појави со кратка коса и постави нов тренд по кој жените во светот полудеа, таа сепак се одлучи да ја врати фризурата која ја имаше на самиот почеток на кариерата.

Долгата коса и шишките го најгласија нејзиното совршено лице и направија да изгледа многу помладо.

Фото: Профимедиа

Модните експерти се едногласни, оваа комбинација изгледа многу моќно. Слободно ископирајте го нивниот стајлинг и ќе бидете полн погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот