Направете сами спреј за совршено обликувани локни! (ВИДЕО)

Брановидната коса е совршена кога тука е убавото време. Делува лелеаво и женствено, а покрај некој летен аутфит оваа фризура е полн погодок.

Веројатно сте забележале дека кога ќе излезете од море локните се особено убаво обликувани.
Токму морската сол е заслужна за овој ефект.

Таа косата ја прави цврста и и дава волумен и текстура. Поради неа локните подолго стојат и се поцврсти.

Овој спреј ќе ви го даде токму таквиот ефект на косата.

Потребно ви е:

– кокосово масло
– гел алое вера
– морска сол
– зовриена вода

Подготовка:

Се подготвува на многу едноставен и брз начин. Се што треба да направите е во водата да ги додавате состојките една по една, па потоа добро промешајте, и спрејот е подготвен за употреба.

Нанесете го на косата и потоа изгужвајте ја косата со рацете, за да добие брановиден облик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот