Фото: МВР на Србија

Советник на партијата на Вучиќ е меѓу уапсените за петте тони марихуана?

Претседателот на партијата Народно движење на Србија, Мирослав Алексиќ, објави фотографии од советник на Српската напредна партија, чијшто лидер е претседателот Александар Вучиќ, во Крушевац и тврди дека токму тој е еден од осомничените за поседување пет тони марихуана.

„Раде Спасојевиќ од Коњух, советник на СНС во Крушевац, колачар на слава, пријател и близок соработник на семејството Гашиќ. Семејството Гашиќ било редовен гостин во Коњух кај Раде и кај неговиот син Небојша, а еве ги заедно и на партиска слава, бидејќи колачарот се бира по заслуги. Тимот на Вучиќ,“ напиша Алексиќ на социјалната мрежа „Икс“.

Тој со објавата сподели и фотографии од советникот на СНС, за кого наведува дека е осомничен за поседување голема количина дрога и оружје, како и дека е близок пријател на семејството Гашиќ.

За потсетување, полицијата во четвртокот пронајде и заплени пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац, што претставува најголема заплена на оваа дрога во Србија.

Покрај дрогата, пронајдено е и огнено оружје – најмалку четири автоматски пушки и една зоља, како и пари во износ од над 12.000 евра. На местото на настанот се уапсени двајца осомничени, Р.С. и Н.С. (татко и син), а на друга адреса е уапсен и И.Д., како припадници на организирана криминална група.

ВИДЕО | Српската полиција откри пет тони марихуана во Шумадија – најголема заплена во историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот