Сотировски – Гир: Меѓуверските односи во државата се стабилни и квалитетни

 Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир на која тој се запознал со проектите и целите на кои Комисијата работи периодов, а се во интерес на развој на повеќе области кои подолго не биле третирани.

Како што соопштија од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, амбасадорот ја истакна важноста на областа со која работи Комисијата и подготвеноста на Делегацијата да соработува во интерес на остварување на предвидените цели.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања, за меѓуверските односи во државата кои се оценуваат како стабилни и квалитетни, како и за современите предизвици на општеството, европската перспектива и регионалната соработка, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот