СОСЕМА РАЗЛИЧЕН ПРИСТАП: Како Обама, а како Трамп ѝ се обрати на јавноста по смртта на баран терорист (ВИДЕО)

Фото: JIM WATSON / AFP / Profimedia

Популарниот американски водител Џими Кимел, во негов препознатлив стил, ги спореди говорите на поранешниот претседател Барак Обама и сегашниот лидер на САД Доналд Трамп од моментите кога беше убиен Осама бин Ладен, односно лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Кимел посочи дека Обама зборувал „само“ девет и пол минути, додека Трамп за овој настан одвоил 48 минути, а во видео-компилацијата тој директно ги спореди двата говори на лидерите, кои се со очигледно различен стил.

Додека Обама со мирен и сериозен тон ја информира јавноста за убиството на Бин Ладен, дава конкретни информации, користи формален говор и сериозно ја опишува акцијата на американските сили, говорот на Трамп е видно различен.

Пред се, Трамп на карактеристичен начин го изговара името на ал-Багдади, вели дека војската „безрезервно пукала и правела многу експлозии“ и дека не влегла на влезната врата како што тоа го прават „нормалните луѓе“, како и дека лидерот на ИД „загинал како куче“.

И додека Обама се заблагодари на војската за напорот кој го вложила во оваа акција, Трамп изјави дека „тој самиот не добил никакви заслуги за убиството на Багдади“.

Крајот на обраќањето Барак Обама го користи за карактеристичното „благословување“ на Соединетите Американски Држави, додека Доналд Трамп го искористи говорот за да раскаже дека пишува нова кинга, како и тоа дека неговите претходни книги имале огомен успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот