Сопственикот на апликацијата „Тему“ е најбогатиот милијардер во Кина
Колин Хуанг, основачот на кинеската групација ПДД „Холдинг“, која е сопственик на популарната платформа за е-трговија со попуст „Тему“, е најбогатиот човек во Кина според рангирањето на милијардери што го објави агенцијата Блумберг.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
ПДД „Холдинг“ е матична компанија која ги направи достапни и евтини производите од нејзиното лансирање во Кина во 2015 година. За меѓународна трговија, групата има посебна апликација „Тему“ која е многу успешна, но е цел на неколку земји поради неправилни трговски практики.
Колин Хуанг (44) има богатство проценето на 48,6 милијарди долари (44,5 милијарди евра), според рангирањето на Блумберг.
Тој е најбогатиот човек во Кина и се наоѓа на 25-то место во светот. Хуанг, некогаш вработен во Гугл, сега е пред кралот на минералната вода Жонг Шаншан, кој стана најбогатиот човек во Кина во 2021 година. Меѓународната верзија на компанијата, апликацијата „Тему“, забрзано добива на сила во Европа, каде здруженијата ја обвинуваат за манипулација со корисниците на интернет и кршење на прописите. Од мај „Тему“ е под зголемена контрола на Европската Унија.


