Сопственик на технолошки гигант пред суд: Дали поради малверзации повторно ќе оди во затвор?

Ли помина една години во затвор во 2018 година поради обвинение дека подмитувал функционери во владата со скапи подароци, со цел полесно да ги добие дозволите за спојување на компаниите.

Сопственикот на „Самсунг“ Ли Џае – Јонг се појави пред судот чекајќи одлука дали ќе се врати во затвор по две години на слобода.

Ли е обвинет за измама во водењето на деловните книги и манипулации со акциите.

Обвинителството побара налог за апсење на Ли, откако истражувале контроверзно спојување на две подружници на „Самсунг“ во 2015 година, кое пак им помогнали да дојдат на водечката позиција во групата.

Ли, кој ја презеде контролата над компанијата откако неговиот татко доживеа срцев удар во 2014 година, го разви конгломератот „Самсунг електроникс“, чиј годишен приход изнесува 12 отсто од БДП на цела Јужна Кореја.

Педесет и едногодишниот Ли на сослушувањето се појави со маска, а при влезот во судница не одговараше на новинарските прашања.

По сослушувањето одлуката на судот ќе ја чека во притвор, пренесува „Ројтерс“.

Ли помина една години во затвор во 2018 година поради обвинение дека подмитувал функционери во владата со скапи подароци, со цел полесно да ги добие дозволите за спојување на компаниите.

Врховниот суд на Ј.Кореја ја поништи одлуката на понискиот суд и ја суспендираше казната, но се уште не е јасно дали Ли ќе мора повторно да оди во затвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот