Сопругот ѝ го подари својот бубрег: Тина Тарнер денес живее нормален живот благодарение на него

Фото: Профимедиа

Овој детаљ пејачката им го раскажала на своите обожаватели во својата автобиографија „Мојата љубовна приказна“.

Музичката дива Тина Тарнер во декември 2016 година, беше речиси на смртна постела, бидејќи нејзините бубрези работеа со само 20 процентен капацитет, поради што итно и беше неопходна трансплантација.

Имено, таа имала само две опции или дијализа или трансплантација, а тогаш нејзиниот сопруг, германскиот музички директор Ервин Бах реши да и го спаси животот.

Тој и го подари својот бубрег и така ја одигра најважната улога во тоа таа денес да живее нормално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)


Овој детаљ пејачката им го раскажа на своите фанови во својата автобиографија „My Love Story“, која подоцна беше објавена како серијал за Daily Mail.

„Во тој момент само трансплантацијата ми даде ветувачки можности за речиси нормален живот. Но, шансите да се добие донорски бубрег беа мали“, раскажа Тарнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

„И еве, тука сум. И двајцата сме тука, поблиски отколку што може да се замисли“ напиша Тина во својата книга.

Откако тестовите потврдија дека трансплантацијата е одржлива, парот беше опериран во април 2017 година и сè помина во најдобар можен ред.

Видео на денот