Сопругата го обвини Др. Дре за семејно насилство: Ми држеше пиштол во главата, ме удираше со тупаници

Profimedia

Неколку денови откако е хоспитализиран поради аневризма на мозокот, музичарот Др. Дре е обвинет од неговата сега веќе поранешна сопруга Никол Јанг за насилство во бракот. Во судските документи Никол навела дека Дре ѝ држел пиштол вперен во главата, ја удирал со тупаници во лицето и ја трескал во ѕид.

Парот се разведува по 24 години брак, а во моментот се води судската битка за поделба на имотот. Др. Дре „тежи“ 800 милиони долари, а Никол од него бара алиментација во износ од два милиона долари месечно.

Откако раперот изјави дека никогаш не ја малтретирал, се огласи и Никол, која тврди дека тој лаже.

Ги изнесов сите болни детали од малтретирањето кое Андре ми го нанесе во нашите 25 години врска. Тој стави пиштол на мојата глава во 2000 и во 2002 година. Во два наврата со тупаници ме удираше по лицето, а во 2006 година ја скрши вратата од спалната соба во која се криев од него. Вербално и емотивно ме уништуваше до таа мера што почнав да страдам од посттрауматски стрес поради кој сум на терапија – изјави Јанг.

Таа посочи и дека во нивниот дом ургирала и полицијата.

Ги повикав во 1995 година пред почетокот на нашиот брак, кога ме удри од ѕидот и со двете раце држејќи ме за врат, ме крена во воздух. Ги повикав уште неколкупати, но сѐ завршуваше само со предупредувања, потоа веќе се плашев да ги повикам бидејќи неговите заканувања беа опасни, а сфатив дека полицијата не може ништо да ми помогне – тврди Никол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот