Сообраќајот пред училиштата во Кисела Вода ќе се успорува со лежечки полицајци

На главните сообраќајници пред општинските основни училишта „Св. Климент Охридски”, „Кузман Јосифовски-Питу” и пред градинката „Сончоглед” во Кисела Вода, денеска се поставени платоа за успорување на сообраќајот.

– Поставените платоа пред главните влезови на училиштата имаат за цел да ја зголемат безбедноста на учениците кои секојдневно ги преминуваат прометните улици. Во перидот што следува активностите за поставување платоа ќе продолжат- велат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот